Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКЦИНИРАНИ СИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19: Остров во Пацификот слави победа над вирусот

ВАКЦИНИРАНИ СИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19: Остров во Пацификот слави победа над вирусот

Пацифичката држава Науру изрази задоволство од постигнатиот „светски рекорд“, бидејќи успеа да ја вакцинира целата своја возрасна популација, вкупно 7.392 лица, со првата доза на вакцината против „ковид-19“.

Оддалечениот остров е едно од ретките места во светот познато како зона без вируси, а Науру се пофали дека четиринеделната програма за вакцинација ги надмина очекувањата, пренесува Хина.

Првата доза на вакцината е дадена на 7.392 возрасни лица или 108 проценти од проценетата возрасна популација, вклучително и странци.

„Националната работна група за корона вирус е исклучително задоволна од овој светски рекорд и им се заблагодарува на сите за напорите да го одржат Науру слободен и безбеден“, соопшти владата.

Претседателот на работната група Кирен Кеке рече дека Науру има доволно вакцини за вакцинирање на целата возрасна популација, но нема простор за опуштање бидејќи тестирањето продолжува со цел островот да остане зона без вируси.

„Со секој патник кој доаѓа на островот, постои ризик од влез на вирусот, а неодамнешните настани во Папуа Нова Гвинеја, Фиџи и Индија покажаа колку брзо може да се промени ситуацијата“, рече тој.

Науру ја доби вакцината АстраЗенека како дел од Ковакс системот, глобалната програма за помош на вакцинирање на населението од посиромашните земји.


Слично

Поврзани вести