Вакцината против Ковид-19 на Оксфорд успешно тестирана на мајмуни
Кошмарот во Велика Британија со „Ковид-19“ би можел да заврши наскоро - откако фармацевтски гигант се согласи на масовно производство на вакцините за коронавирус кои ги тестира универзитетот Оксфорд.
„Огромно олеснување претставува веста дека АстраЗенека има потпишано договор со универзитетот Оксфорд за да ја превземе ветувачка вакцина против коронавирус. Вакцината во Оксфорд е една од најнапредните во светот. Соединувањето на најдобрата британска наука и најдоброто од британскиот бизнис ќе ни го даде најдобриот можен удар против вирусот“објави секретар за здравство Мет Ханкок
Вчера вакцината во Оксфорд беше тестирана на шест мајмуни макаки и сите останаа минаа без симптоми четири недели откако беа изложени на вирусот. Успехот значи дека тестирањето може да премине во следната фаза. Над 6.000 доброволци ќе бидат тестирани со вакцината за да се докаже дека е безбедна и ефикасна кај луѓето. Ако тестирањето оди добро, ќе биде одобрено од регулаторите производство на „милиони“ дози во септември.
Мајмуните инјектирани со вакцината во Оксфорд, останаа неинфицирани и покрај изложеноста на огромни дози на вирусот, додека невакцинираните примати беа заболени од „Ковид-19“.
Дури 100 потенцијални вакцини се во тек на обработка од биотехнолошки и истражувачки тимови ширум светот, а најмалку пет од нив се во фазата на прелиминарни тестови кај луѓе на клинички испитувања.
