Вакцина против коронавирус ќе биде тестирана во Велика Британија
Вакцината против коронавирус ќе биде тестирана во Велика Британија од четврток, објави владата.
Испитувањата за потенцијалната вакцина против коронавирус, развиена на Универзитетот во Оксфорд, треба да започнат во четврток, објави секретарот за здравство Мет Хенкок.
Еден член на тимот на Оксфорд рече дека доколку испитувањата се успешни, милиони дози вакцина би можеле да бидат достапни за употреба до есента оваа година.
Појавата на вирусот веќе однесе 175.000 животи и предизвика голема економска штета.
Хенкок рече дека владата „фрла сè“ во потрагата по вакцина и најави дека обезбедува 20 милиони фунти за тимот од Оксфорд, да помогне во финансирањето на своите клинички испитувања, со дополнителни 22,5 милиони фунти за истражувачите од Империал колеџ во Лондон.И покрај нормалното време од 18 месеци или повеќе за вакцината, истражувачите на Оксфорд, предводени од професорот Сара Гилберт, веруваат дека големото производство би можело да се случи уште во септември - околу девет месеци откако новиот вирус беше забележан во кинескиот град Вухан.
Тие ќе направат се за јавноста што поскоро да ја има вакцината.
