Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вакцината од Оксфорд и на АстраЗенека за посиромашните земји

Вакцината од Оксфорд и на АстраЗенека за посиромашните земји

Дури 64 отсто од од Окфордската и вакцината на АстраЗенека ќе бидат дистрибуирани во посирмошаните земји, односно земјите во развој, но според Алијансата People’s vaccine тоа не е доволно за да се стекне со потребната имунизација светската популација и реално да се заштити од Ковид-19. Алијансата истовремено предупредува дека богатите држави веќе имаат обезбедено, односно ги имаат купено речиси сите дози вакцини од компаниите Фајзер и Бионтек, како и од Модерна, заради што во сиромашните држави нема да има имунизација со вакцините кои обезбедуваат најголема заштита.

-Богатите земји со 14% од светското население имаат обезбедено 53% од севкупното количество на најразвиените вакцини против ковид-19. Само Канада има нарачано толку многу вакцини што пет пати ќе може да го вакцинира своето население. Ако нешто не се смени драстично, милијарди луѓе нема да добијат безбедна и ефективна вакцина против ковид-19, наведува People’s vaccine.

Инаку, во Велика Британија веќе од денеска започна имунизацијата со вакцината на Фајзер и Бионтек, а Алијансата напоменува дека, токму богатите западни земји откупиле дури 96 отсто од вкупното количество. Вакцината на Фајзер освен то е поскапа, исто како и на Модерна, бара посебни услови на чување, во медицински фрижидери на -70 степени. Токму поради ова, ваквите квалитетни вакцини се потешко достапни за сиромашните земји.


Слично

Поврзани вести