Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКЦИНАТА НА АСТРАЗЕНЕКА НЕ ШТИТИ ОД ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ СОЈ: Запрена употребата во Јужна Африка

ВАКЦИНАТА НА АСТРАЗЕНЕКА НЕ ШТИТИ ОД ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ СОЈ: Запрена употребата во Јужна Африка

Група научници откриваат дека ефикасноста на вакцината од фармацевтската компанија АстраЗенека дава само 10 проценти заштита против новиот вид на корона вирусот кој е детектиран во Јужноафриканската Република.

Британски Гардијан пренесува дека експертите по направено истражување дошле до заклучок дека оксфордската вакцина во случаи на слаба или средно тешка форма на болеста дава многу мала заштита, иако истовремено се надеваат дека токму оваа вакцина ќе даде поголема заштита во случаите кои имаат потешка инфекција.

Лидерот на експертската група проф. Шабир Мади истакнува дека и покрај тоа што станува збор за мала студијата, сепак таа била направена со цел да утврди дали вакцината има најмалку 60% ефикасност против корона вирусот во кој било степен на сериозност.


Слично

Поврзани вести