ВАКЦИНАТА Е ЕФИКАСНА И ПРОТИВ НОВАТА ОПАСНА МУТАЦИЈА НА КОВИД-19: Германија ја намалува паниката
Сегашните вакцини
против Ковид-19 делуваат и врз новиот вид вирус кој се појави во Велика
Британија, констатираат експертите од Европската Унија. Како што објавува германската Влада, вакцината на
Фајзер и Бајонтек, која веќе треба да почне да се дитрибуира во земјите во ЕУ останува
ефикасна заштита.
Сепак, Германија, земја како претседавач со ЕУ, за денеска свика кризен состанок на експерти од различни земји за да детално се разгледа новата закана од мутираниот корона вирус.
-Според сè што во моментов знаеме и по дискусијата со европски експерти, новиот вид не влијае врз дејството на вакцините и тие остануваат ефикасни, рече германскиот министер за здравство, Јенс Шпан.
Германскиот министер зборуваше особено за ефективноста на вакцината на Фајзер и Бајонтек, која веќе се користи во неколку земји низ светот и за чие одобрување денеска трба да се произнесе и Европската агенција за лекови (ЕМА). До петок, односно до Божик, оваа вакцина треба да се дистрибуира во земјите на ЕУ.
Инаку, новата мутација на корона вирусот прв пат е окриена во Велика Британија пред само неколку дена, по што европските земји ги стопираа летовите од Британија, а премиерот Борис Џонсон, пак, најави строги ограничувања на движењето, особено во јужниот дел на островот.
Некои експерти велат дека новиот вид на коронавирус е дури 70 проценти попренослив од претходниот, а освен во Велика Британија, пријавени и девет случаи во Данска, како и по еден во Холандија и во Австралија.
