Вакцинацијата оди бавно во светот, во Африка бројот на имунизирани е мал
Во светот вакцинацијата не се одвива со посакуваното темпо. Светската здравствена организација(СЗО) нема да ја исполни глобалната цел од 40 отсто вакцинирани во секоја земја.
Африка има ниска стапка на вакцинација на населението. Од 194 земји и територии членки на СЗО, околу половината сигурно нема да ја исполнат зададената цел. Во околу 40 отсто од членките, не се имунизирани ниту 40 отсто од населението. Во светот над 8,6 милијарди дози се аплицирани денеска, но најголемиот дел во богатите земји.
Во Германија се употребени 171 доза од вакцините на 100 жители, а на Мадагаскар малку над 2,7 а во Демократска Република Конго 0,32 дози на сто жители. Во повеќето африкански земји оваа бројка, во најдобар случај, е двоцифрен.
Во некои земји вакцинацијата е задолжителна.
foto freepik.com
