Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вакцинацијата на деца може да започне на лето

Вакцинацијата на деца може да започне на лето

Главниот американски инфектолог Ентони Фаучи изјави дека се надева дека наскоро ќе бидат објавени податоци што ќе ја поддржат вакцинацијата на постарите деца.

Директорот на Американскиот национален институт за алергии и инфективни болести наведува дека, откако ќе бидат објавени резултатите од студиите, вакцинацијата на деца од 12 до 17 години ќе започне кон крајот на пролетта или почетокот на летото, пренесува Си-Ен-Ен.

„Кога ќе имаме повеќе податоци, ќе можеме да вакцинираме помлади деца, а сето тоа ќе помогне да се намали ширењето на вирусот“, напиша Фаучи на Твитер.

На прашањето дали децата се безбедни ако сите возрасни се вакцинираат во една заедница, а децата не се, Фаучи одговори дека „состојбата во која било заедница е клучен фактор“ и додаде дека се додека бројот на заразени е голем, секој мора да се грижи за безбедност со носење маски и одржување растојание.


Слично

Поврзани вести