ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД И ВО АПТЕКИТЕ: Германските власти одобрија, фармацевтите мора да имаат доказ за обука за вакцинација
Во рок од
отприлика две недели германските аптеки ќе може да се спроведува вакцинација
против корона вирусот. Многу аптеки низ
Германија сега се подготвуваат да набават доволно вакцини против Ковид, откако
владините регулативи беа изменети за да се дозволи потегот.
„Ќе поминат околу една до две недели пред аптеките да започнат со вакцинирање“, изјави Томас Прајс, член на одборот на Германското здружение на фармацевти за Local.de.
Појаснува дека аптеките сега мора прво да нарачаат вакцини, бидејќи интересот за вакцинирање во неговиот регион-Северна Рајна е „многу голем“.
„Во Рајнска област, 1.000 фармацевти во 500 аптеки веќе се подготвени да ја спроведат вакцинацијата. Тие веќе се обучени за вакцинација против грип. Очекуваме до февруари да бидат обучени уште 1.000 фармацевти за ковид, вели Прајс.
Регулативата налага вработените во аптеките да имаат доказ за обука за вакцинација, а предвидува и аптеките да бидат наградени за вакцинирањето, исто како и лекарите.
Германија ги измени законите за Ковид во декември, со цел да се отвори патот за да се дозволи места како аптеки, стоматолошки, како и ветеринарни ординации да вршат вакцинација.
Инаку, вакцинацијата во Германија досега се одвиваше единствено во лекарските ординации, центрите за вакцинација и специјалните пунктови за вакцини. Околу 72 отсто од населението е целосно вакцинирано против Ковид, а 43,5 отсто се примиле со засилување.
