Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ЕДНАШ ГОДИШНО: Мутациите може да влијаат на ефикасноста на вакцините

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ЕДНАШ ГОДИШНО: Мутациите може да влијаат на ефикасноста на вакцините

Можеби ќе треба вакцината против Ковид-19 да се прима секоја година, сосема исто како против сезонскиот грип, вели извршниот директор на американската компанија „Џонсон и Џонсон“, Алекс Горски.

Во изјава за „CNBC“, тој вели дека иако корона вирусот споро еволуира, сепак тој прави многу мутации кои може да имаат влијание на ефикасноста и на терапиите, но и на самата вакцина.

-Секој пат кога мутира, тоа е скоро како уште еден клик на бројчаникот, така да кажам, каде што можеме да видиме друга варијанта, друга мутација што може да влијае на неговата способност да се одбрани од антитела или да има поинаква реакција не само на терапијата, но и на вакцината, вели Горски.


Слично

Поврзани вести