Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКЦИНА ПРОТИВ КАНЦЕР ДО 2030 ГОДИНА? Основачите на „Бајонтек“ тврдат дека се на прагот на планетарно откритие

ВАКЦИНА ПРОТИВ КАНЦЕР ДО 2030 ГОДИНА? Основачите на „Бајонтек“ тврдат дека се на прагот на планетарно откритие

Германска компанија се надева дека ќе може да развие третмани за рак на дебелото црево, рак на кожата и други видови на рак, но постојат големи пречки за решение

Вакцините против рак би можеле да се направат до 2030 година, судејќи според зборовите на коосновачите на германската фармацевтска компанија „Бајонтек“, Угур Шахин и Озлема Тиречи, чија работа е позната по создавањето вакцина против Ковид за време на пандемијата со американскиот Pfizer.

Сопружниците Сахин и Тиречи велат дека направиле пробив што им дал оптимизам за вакцините против рак во наредните години, објави „Гардијан“.

Зборувајќи за Би-Би-Си, професорката Тиречи објасни како технологијата на РНК може да се пренасочи за да го зајакне имунолошкиот систем да ги напаѓа клетките на ракот, следејќи го истиот принцип како што цели на коронавирусот.

Бајонтек веќе работеше на РНК вакцини против ракот пред да започне пандемијата, но потоа компанијата го префрли својот фокус на создавање вакцини против КОВИД.

Компанијата веќе има неколку вакцини против рак во клиничко тестирање, а Тиречи вели дека успехот со вакцината против Ковид на Pfizer/Bayontek сега може да го отвори патот за научниците да се фокусираат на борбата против ракот.

Германската компанија се надева дека ќе може да развие третмани за рак на дебелото црево, рак на кожата и некои други видови на рак, но постојат големи пречки за решение.

Клетките на ракот кои формираат тумор може да се полнат со широк спектар на различни протеини, што го отежнува создавањето на вакцина која ги таргетира сите канцерогени клетки.


Фото: unsplash

Слично

Поврзани вести