Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКА ТРЕСАТ 7,4 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР: Тропскиот рај Вануату погоден од разорен земјотрес

ВАКА ТРЕСАТ 7,4 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР: Тропскиот рај Вануату погоден од разорен земјотрес

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Порт Вила, главниот град на Вануату.

Во земјотресот беа оштетени згради и друга инфраструктура.


Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотресот се случил во 12:47 часот по локално време на длабочина од десет километри.

Земјотресот накратко предизвика предупредување за цунами за делови од островската држава на Тихиот Океан, но властите во 14:14 часот по локално време објавија дека заканата поминала.

Бројот на жртвите се уште не е познат.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат урнати згради, автомобили погодени од плочи кои паѓаат и мебел расфрлан по катови во домовите.

На една снимка се гледа уништената зграда на американската амбасада и се наведува дека се стравува дека персоналот е заробен внатре.



Слично

Поврзани вести