Вака ќе штеди Унгарија: Државните институции ја намалуваат потрошувачката на енергија, поповолни цени на гас за граѓаните
Унгарската влада
почнува да спроведува мерки за заштеда на енергија во државните институции, а
истовремено обезбедува режимот на регулирани цени за комунални услуги да остане
на сила, соопшти денеска владиниот информативен центар КТК.
Како што е наведено, во последните месеци, владата работи на спасување на граѓаните на Унгарија од негативните последици од војната во Украина и „непромислените санкции“ на Европската унија, преку мерки како што се обезбедување гас и струја за секое семејство во намалена цена до просечната потрошувачка, пренесе агенција МТИ.
Владата им наложи на сите државни институции и државни претпријатија да ја намалат потрошувачката на гас за 25 отсто, се вели во соопштението.
Во рамките на оваа мерка, државните институции не можат да се загреваат над 18 степени, со исклучок на здравствените установи, домовите за стари и градинките.
Се додава дека училиштата ќе се загреваат до најмалку 18 степени, но температурата во училниците за деца до 14 треба да биде најмалку 20 степени.
Фото: unsplash
