Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКА ИЗГЛЕДААТ ДУПКИТЕ НА ГАСОВОДОТ ВО БАЛТИЧКО МОРЕ: Се појави ново видео

ВАКА ИЗГЛЕДААТ ДУПКИТЕ НА ГАСОВОДОТ ВО БАЛТИЧКО МОРЕ: Се појави ново видео

Прелиминарната истрага за оштетувањето на двата гасоводи „Северен тек“ во данскиот дел на Балтичкото Море покажува дека истекувањето било предизвикано од „силни експлозии“, соопшти полицијата во Копенхаген.

Истрагата за прекините на гасоводите Северен тек 1 и 2 на 26. септември во ексклузивната економска зона на Данска треба заеднички да ја водат полицијата во Копенхаген и Данската безбедносна разузнавачка служба, наведува Ројтерс.

„Сè уште е рано да се каже нешто за рамката според која ќе се одвива меѓународната соработка, на пример, со Шведска и Германија, бидејќи тоа зависи од неколку актери“, соопшти полицијата во Копенхаген.

Шведска ги отфрли плановите за заедничка истрага со Данска и Германија за неодамнешните експлозии на гасоводите Северен тек 1 и 2, објави во петокот неделникот „Шпигел“, повикувајќи се на германски безбедносни извори.

Шведска одлучи дека не може да ги сподели наодите од својата истрага со други земји од безбедносни причини, пишува весникот, а пренесува Ројтерс. 

Русија во средата објави дека испратила жалба до дипломатите на Германија, Данска и Шведска бидејќи претставниците на Москва и Гаспром не биле поканети да се приклучат на истрагата за истекувањето на гасоводот што води од Русија кон Европа.

Причината за оштетувањето на гасоводот „Северен тек“ останува нејасна, но земјите од Европската унија претходно соопштија дека се сомневаат во саботажа, додека Русија ги нарече инцидентите „акт на меѓународен тероризам“ и го обвини Западот за истекувањето.

фото: Твитер

Слично

Поврзани вести