Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАГНЕР Ѝ ПРЕДАДЕ НА МОСКВА ТОНИ ТЕШКО ОРУЖЈЕ: „Сè ќе биде употребено, стотици тенкови, ракетни системи, артилерија, оклопни возила“

ВАГНЕР Ѝ ПРЕДАДЕ НА МОСКВА ТОНИ ТЕШКО ОРУЖЈЕ: „Сè ќе биде употребено, стотици тенкови, ракетни системи, артилерија, оклопни возила“

Руската платеничка група „Вагнер“ на руското Министерство за одбрана му предаде големо количество тешко оружје, воена опрема и илјадници тони муниција.

Вагнер ги предаде тенковите Т-90 и Т-80, повеќе ракетни фрлачи и различни артилериски системи, изјави портпаролот на министерството, Игор Конашенков.

Покрај тоа, тие предале повеќе од 2.500 тони разновидна муниција и 20.000 огнено оружје, а објавено е и видео од тоа оружје. Целата воена опрема ќе биде сервисирана и употребена, рече портпаролот.

Размената на оружје се одвива во исто време кога повеќе од 30 светски лидери од земјите членки на НАТО се собраа во Вилнус на дводневен самит.

Русија „според планот“ доби повеќе од 2.000 парчиња опрема и оружје, вклучително и стотици тенкови, неколку модели на повеќекратни ракетни системи за лансирање (MLRS), систем за противвоздушна одбрана, самоодни артилериски инсталации, оклопни возила. Добиени се и над 2.500 тони муниција и околу 20.000 парчиња пешадиско оружје.



Слично

Поврзани вести