Во Сомалија повеќе од 15 луѓе загинаа во бомбашки напад
Во самоубиствен напад извршен со автомобил бомба пред еден хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу загинаа над 15 луѓе, а дваесетина други се ранети.
Екстремистичката група изјави дека неколку од нивните борци влегле во хотелот.
Меѓу жртвите се и двајца пратеници. Хотелот „Амбасадор“ е место каде често престојуваат политичари. Одговорноста за нападот ја презеде огранокот на Ал Каеда, екстремистичката група Ал Шабаб. Оваа група во 2011 година беше истерана од Могадишу со помош на мировниците на Африканската унија. Но, таа остана потенцијална опасност во Сомалија, изведувајќи чести напади за уривање на владата која е поддржана од Западот.
Слично
