В ПОНЕДЕЛНИК ЕМА ТРЕБА ДА ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР: Во Европската Унија позитивни реакции
Европската
Агенција за лекови (ЕМА) в понеделник на 21. декември треба да се донесе одлука
за одобрување на вакцината во Европската Унија што ја произведоа фармацевтските
компании Бајонтек и Фајзер.
Како што пишува Дојче веле, според Германија ова е одлична вест.
-Ова е добра вест за Европската унија. Целта е вакцината да биде одобрена на европско ниво пред Божик и да започне вакцинацијата пред Нова година. Зошто трае толку долго во Европа? Колку побрзо започнеме вакцинирање, толку побрзо ќе се намали страдањето и особено ранливите групи ќе бидат заштитени, истакна германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
Во текот на изминатата недела вакцината беше одобрена во САД, а во медиумите се појавија првите извештаи за вакцинирање на медицинскиот персонал во Лонг Ајленд. Слични слики доаѓаат од Канада, каде што веќе започна вакцинацијата. Велика Британија, пак, беше првата земја во светот што ја одобри вакцината на Бајонтек и Фајзер.
