Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЗБЕКИСТАНЕЦОТ ПРИСТИГНАЛ ВО МОСКВА СПЕЦИЈАЛНО ЗА ДА ГО УБИЕ РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ: Се крева ли тензија против мигрантите во Русија?

УЗБЕКИСТАНЕЦОТ ПРИСТИГНАЛ ВО МОСКВА СПЕЦИЈАЛНО ЗА ДА ГО УБИЕ РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ: Се крева ли тензија против мигрантите во Русија?

По убиството на генералот Игор Кирилов, Москва го фокусира гневот кон „мигрантите терористи“. 

Руските провладини медиуми и блогери ја насочуваат јавноста против мигрантите од централноазиските земји откако е објавено дека Узбекистанец е убиецот на генералот Игор Кирилов во Москва.

Како првоосомничен за атентатот е приведен 29-годишниот узбекистански државјанин Ахмед Курбанов. Тој при сослушувањето наводно признал дека украинската служба за државна безбедност СБУ му ветила 100.000 долари и живот на безбедна локација во Западна Европа, ако го убие генералот Кирилов, командант на руските сили за одбрана од атомско, биолошко и хемиско оружје.

Кирилов е разнесен со бомба во понеделникот наутро пред зградата во која живеел во Москва. Бомбата со околу 300 грама тротил била поставена во електричен тротинет пред влезот на зградата и била активирана од далечина, во моментот кога ѝ се приближил генералот Кирилов. Експлозијата го убила и неговиот помошник Илја Поликарпов.

Активирањето на бомбата било снимано од камера поставена во изнајмен автомобил спроти влезот и било директно емитувано до Днипро, каде што биле нарачателите на атентатот.

При истрагата било утврдено дека Курбанов пристигнал во Москва специјално за да ја спроведе ликвидацијата. За кратко време, Украинската тајна служба елиминираше тројца важни воени лица во Русија. 

Слично

Поврзани вести