УЖАСОТ ВО АМЕРИКА НЕ ЗАВРШУВА! Невремето однесе 63 животи, најлошата бура во Бафало во последните 50 години
Во САД 63 лица загинаа поради арктичката бура, која ги погоди поголемиот дел од Средниот Запад и Северот. Оваа информација ја објавија медиумите повикувајќи се на изјави на официјални лица. Градоначалникот на Бафало, Бајрон Браун, рече дека бурата е полоша од сè што градот видел во последните 50 години.
Поради невидената снежна бура, повеќе од 60 отсто од населението се соочува со некакви зимски проблеми. Америка има и екстремно ниски температури.
Аеродромите беа затворени, а Бафало, Денвер, Колорадо, Детроит и Мичиген беа само неколку од главните аеродроми каде што беа откажани летовите. За државата Њујорк, претседателот Џо Бајден одобри прогласување вонредна состојба по смртоносната снежна бура.
Националната метеоролошка служба соопшти дека подобрување на временските услови може да се очекуваат од вторник.
Божикните празници годинава на северноамериканскиот континент минаа во снежна бура, со околу 60 отсто од населението на САД соочено со некакви зимски проблеми, како и со екстремно ниски температури.
Веб-страницата за следење летови „Флајтавер“ соопшти дека вчера во САД биле одложени повеќе од 2.800 летови.
Аеродромите се затворени, а Бафало, Денвер, Колорадо, Детроит и Мичиген се само некои од главните аеродроми на кои се откажани летовите.

