Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЖАСНА НЕСРЕЌА ВО ПАКИСТАН: Се судриле два воза, над 30 загинати (ВИДЕО)

УЖАСНА НЕСРЕЌА ВО ПАКИСТАН: Се судриле два воза, над 30 загинати (ВИДЕО)

Повеќе од 30 лица загинаа во судир на два воза во јужниот дел на Пакистан во понеделникот, а може да се очекува и повеќе бидејќи спасувачите сè уште не биле во можност да влезат во сите вагони, изјавил полициски службеник за локалните медиуми.

Најмалку 30 од загинатите се пренесени во локалните болници во Готка во јужната провинција Синд, изјави високиот службеник на окружната полиција Умар Туфаил за локалната телевизиска станица Гео Њуз.

Тој исто така рекол дека очекува бројот на жртви да биде уште поголем затоа што сè уште има искривени вагони до кои спасувачите сè уште немале пристап.

Машиновозачот кој удрил во возот кој излетал од шините, изјавил дека со сите сили се обидел да ја избегне несреќата со сопирање, но не успеал во тоа.


Foto: Printscreen Twitter/@chaudharyparvez


Слично

Поврзани вести