Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЖАС ВО ТЕКСАС: Во приколка на камион во Сан Антонио пронајдени 46 мртви мигранти

УЖАС ВО ТЕКСАС: Во приколка на камион во Сан Антонио пронајдени 46 мртви мигранти

Најмалку 46 мигранти се пронајдени мртви во приколка за шлепер во Сан Антонио, Тексас, во еден од најсмртоносните инциденти до сега во трговијата со луѓе долж границата меѓу САД и Мексико, објавија тамошните власти.

Противпожарната служба на Сан Антонио соопшти дека уште 16 лица пронајдени во приколката биле пренесени во болница поради топлотен удар и исцрпеност, меѓу кои и четири малолетни. Тие, според Би-Би-Си, биле жешки на допир.

Властите, исто така, соопштија дека три лица се во притвор по инцидентот.

Камион кој превезувал мигранти бил пронајден во близина на железничка пруга во оддалечена област на јужната периферија на градот.

Температурата надвор беше речиси 40

Температурите во Сан Антонио, кој се наоѓа на околу 250 километри од границата со Мексико, во понеделникот се искачија на високи 39,4 степени Целзиусови, со висока влажност.

По повод трагедијата, мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард на Твитер го нарече гушењето мигранти во камионот „трагедија во Тексас“ и ја обвини за смртта политиката на Бајден, велејќи дека тоа „ги покажува смртоносните последици од неговото одбивање да спроведе закон“.

Тој напиша и дека претставници на мексиканскиот конзулат се на пат кон местото на настанот, иако националноста на жртвите се уште не е потврдена.

Во јули 2017 година, 10 починаа

Рекорден број смртни случаи на мигранти на американско-мексиканската граница се регистрирани во последните месеци, што предизвика критики за имиграциската политика на американскиот претседател Џо Бајден.

Во јули 2017 година, десет мигранти загинаа откако беа превезени во тракторска приколка што полицијата во Сан Антонио ја откри на паркингот во Вол-Март. Возачот беше осуден на доживотен затвор следната година за неговата улога во шверцерската операција.


Слично

Поврзани вести