Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЖАС ВО ХРВАТСКА: Жена починала откако била погодена со ракета

УЖАС ВО ХРВАТСКА: Жена починала откако била погодена со ракета

Жената која била погодена од пиротехничка направа (ракета) во Шибеник вчера починала во болница, вели хрватската полиција, а пренесуваат медиумите.

Откако жената била погодена, таа итно била префрлена во Општата болница во Шибеник. За жал, таа починала од повредите.

„52-годишниот осомничен е уапсен и донесен во полициската станица, а против него е во тек кривична истрага“, соопшти полицијата.

Хрватските медиуми пренесуваат дека на подот каде што била застрелана жената имало локва крв. Несреќата се случила додека тие биле на свадба.

Фото: Хрватско МВР

Слично

Поврзани вести