Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЖАС ВО ГЕРМАНИЈА: Маж фрлил две туристки во провалија

УЖАС ВО ГЕРМАНИЈА: Маж фрлил две туристки во провалија

Маж фрлил две туристки во провалија во Германија, по што едната починала од повредите. 

Нападот се случил во близина на замокот Нојшванштајн во јужна Германија. 21-годишната девојка починала во текот на ноќта во болница, а нејзината 22-годишна придружничка е задржана во болница поради сериозни повреди, јави јавната телевизија БР, повикувајќи се на информации од портпаролот на државниот обвинител во Кемптен. Тој рече дека осомничениот е уапсен, но од државното обвинителство сѐ уште не се изјасниле за апсењето. БР го пренесува извештајот на обвинителите кои рекле дека девојките налетале на маж на мостот Марија од кој се гледа прекрасен поглед на светски познатиот замок. ТВ БР јавува дека физичкиот конфликт почнал кога маж сексуално ја нападнал 21-годишната жена.

Кога пријателката се обидела да помогне, мажот ја фатил за врат и ја фрлил во провалија длабока 50 метри под мостот, а после тоа почнал да ја дави 21-годишната девојка и ја турнал преку мостот. Полицијата го уапси напаѓачот. 

Фото: EPA/EFE / Filip Singer

Слично

Поврзани вести