УЖАС НА ГРАДСКИ ПЛОШТАД - во Белгија огромна новогодишна елка паднала врз луѓе, една жена загинала, камерите ја снимиле несреќата
Една жена загина откако во четвртокот на божиќниот пазар во Белгија врз неа паднала елка висока 20 метри, објавија локалните медиуми.
Огромно дрво на плоштадот во градот Уденарде, на околу 50 километри западно од Брисел, не издржало силен налет на ветер во четвртокот вечерта, јави белгиската новинска агенција Белга.
Дрвото паднало врз три лица, од кои едното од тешките повреди набргу починало во болница. Остана нејасно дали огромната, празнично украсена елка е лошо обезбедена.
Видео снимката покажува како дрвото драматично се ниша на ветрот пред да падне. Локалните медиуми го цитираа градоначалникот на Оденарде, Марник де Меулеместер, кој рекол дека обилните дождови и силните ветрови го урнале дрвото. Местото на несреќата е опколено, а властите вршат увид.
Kerstboom valt omver in Oudenaarde. Er valt 1 dodelijk slachtoffer. Een klimaatdode. Vroeger waaide het niet. pic.twitter.com/9RRdB1V97r
— Koen Godderis (@koengodderis) December 22, 2023
Извор: 24 сата.хр
Фото: Принтскрин
