Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утврден е индентитетот на еден од терористите во Париз

Утврден е индентитетот на еден од терористите во Париз

Француските власти го утврдија идентитетот на еден од терористите, соопшти градскиот обвинител Франсоа Моленс.

„Благодарение на отпечатоците од прстите беше утврден идентитетот на еден од напаѓачите. Тој е регистриран во базата на податоци на француските специјални служби“, изјавил Моленс.

Тој исто така додал дека во крвавата пукотница во француската престолнина учествувале три терористички тимови. Обвинителот потврдил дека е пронајден сириски пасош на едно од местата на нападите, а исто така, дека во нападот на концертната сала „Батаклан“ терористите се споменати Ирак и Сирија.

Веќе се идентификувани некои од странските жртви од крвавата пукотница во Париз.

Освен двајцата Белгијци и двајцата Романци, за кои веќе беше соопштено помеѓу жртвите се и две сестри од Тенис, кои пристигнале во Париз за прославата на роденденот на своја пријателка.

Лондон смета дека засега помеѓу жртвите е и еден британски државјанин. Помеѓу убиените е и 63-годишен Португалец, кој живее во Париз и работи во јавниот транспорт, двајца шведски државјани и еден Шпанец, кој бил на концертот во салата „Батаклан“.

Бројот на жртвите од нападите во Париз се искачи на 129.

Досега се соопштуваше за 128 убиени. Од 352-та повредени во критична состојба се наоѓаат 99 лица. Според Моленс бројот на жртвите може да се зголеми.

Слично

Поврзани вести