Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРЕ СИ ОДАТ ДОМА: Хамас ќе ослободи тројца Израелци и пет Тајланѓани

УТРЕ СИ ОДАТ ДОМА: Хамас ќе ослободи тројца Израелци и пет Тајланѓани

Осум заложници кои ги држи палестинската терористичка група Хамас, меѓу кои пет Тајланѓани, ќе бидат ослободени утре. 

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху информира дека утре ќе бидат ослободени осум заложници кои се држат во Појасот Газа, пет Тајланѓани и тројца Израелци – две жени и еден маж.

Имињата на тројцата израелски заложници, војникот Агам Бергер, цивилот Арбел Јехуда и Гади Мозес, осумгодишник, беа објавени со согласност на нивните семејства.

Договорот за прекин на огнот стапи во сила на 19 јануари меѓу Израел и палестинското движење Хамас. На 7 октомври во 2023 година, Хамас го нападна Израел и зема заложници.

Слично

Поврзани вести