УСПЕШНО ЈА ЛИКВИДИРАВМЕ ЦЕЛТА: САД во одмазнички напад со дрон во Кабул, тврдат го убиле организаторот на крвавиот напад
-Првите индикации
се дека успешно ја елиминиравме целта. Знаеме дека нема цивилни жртви, се вели
во соопштението на Пентагон по одмазникиот напад со дрон.
Централната команда на вооружените сили на САД потврди дека нападот се случил во провинцијата Нангархар, источно од Кабул, на границата со Пакистан.
Белата куќа предупреди дека следните неколку дена ќе бидат најопасни во американската операција за евакуација, во која, според Пентагон, над 110.000 луѓе биле однесени од Авганистан.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, смета дека се уште има „специфични и веродостојни“ закани по безбедноста на аеродромот во Кабул.
-Подготвени сме и очекуваме нови обиди. Ги следиме овие закани, многу, многу конкретно, практично во реално време, изјави Кирби за новинарите во Вашингтон.
Во самоубиствениот напад што го изведе ИД-К што пред два дена се случи на аеродромот во Кабул, меѓу повеќе од 90 загинати, имаше и 13 припадници на американската армија. Ова е најсмртоносниот инцидент за американските војници во Авганистан во последните 10 години, пренесува Ројтерс.