Економија, финансии, бизнис

Контакт

Успешна средба на првите дами на Македонија и Турција

Успешна средба на првите дами на Македонија и Турција

Во пресрет на средбата Иванов-Ердоган, некои искуства и планови разменија и првата дама на Македонија, Маја Иванова како и првата дама на Турција, Емине Ердоган. 

„Иванова се заблагодари за досегашната одлична соработка со ТИКА – Турската агенција за соработка и координација, со чија поддршка и под покровителство на  Иванова се реализираа проекти во Република Македонија. Иванова искажа благодарност за реализираните проекти на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, отворањето на првиот Ургентен центар на Клиниката, кој свечено се пушти во употреба во декември 2013 година, и Проектот за комплетна реконструкција, односно реновирање и опремување на Одделот за интензивна нега на Клиниката, кој технички се пушти во употреба минатата година. Сопругата на претседателот Иванов нагласи дека со овие исклучително значајни проекти на Клиниката за детски болести поддржани од ТИКА се овозможија најсовремени услови за лекување и подобри здравствени услуги за најмалите пациенти“, соопштија од кабинетот на Иванов.

Слично

Поврзани вести