Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСПЕШНА БИЗНИС ПРИКАЗНА: Милијардер им подели 80 милиони долари на своите вработени!

УСПЕШНА БИЗНИС ПРИКАЗНА: Милијардер им подели 80 милиони долари на своите вработени!

Скромноста го краси човекот. Оваа банална поговорка важи со полна сила за 75-годишниот милијардер Доналд Фрис кој ги израдува вработените на компанијата со огромни бонуси. Неговата приказна ја раскажува „Forbes“.

Фрис успева да избега од сиромаштијата во детството во Пенсилванија, и се запишува во армијата веднаш по матурирањето во 1958 година. Три години подоцна тој повторно е цивил, се преселил во Калифорнија („Таму девојките беа убави“, се шегува тој) со 125 долари во џебот, за да најде работа. Завршува во складот ​​на „C.R. Laurence“, мал снабдувач на материјали за индустријата на стакло, и станува вработен број шест во компанијата. Годишните приходи на „C.R. Laurence“ во тоа време се 240 000 долари.

Со експанзијата на компанијата Фрис се искачува во нејзината хиерархија, а последователно се здобива со голем дел од неа. Кога неговиот партнер се повлекува во 1997 година, тој ги купува 50-те проценти кои дотогаш не ги поседувал. Го прошири нејзиниот капацитет, и стекнува конкуренти и конечно влегува во сферата на производството. Денес „C.R. Laurence“ произведува или дистрибуира над 65 000 производи за индустријата на стакло - од врати за туш кабини до средства за прочистување.

Кога Фрис наполнил 70 година, започнува да мисли за тоа кој ќе го наследи, за да продолжи работењето на компанијата, која генерира 570 милиони долари од продажба годишно. Минатата година започнува да бара купувач. Од четирите кандидати Фрис избира да му ја продаде компанијата на еден од најголемите клиенти - „Oldcastle BuildingEnvelope“ - поделба на ирскиот конгломерат за градежни материјали „CRH“.

Од договорот Фрис добива 1,2 милијарди долари во готово и 100 милиони долари во форма на меници, а сите 1 600 вработени на „CR Laurence“ ја задржуваат својата работа. Фрис заработува околу 885 милиони долари за даноците од договорот и го задржува магацинот и дистрибутивните центри на компанијата во САД, Канада, Европа и Австралија. Од „Forbes“ ја оценуваат неговата состојба на 1 милијарда долари.

Како посебен гест на благодарност тој користи 85 милиони долари пари добиени од продажбата за да ги подари како бонуси на вработените во компанијата, кои работат таму повеќе од една година. Минималната сума која секој вработен ја добил, е 5 000 долари. Некои од вработените пак добиле над 1 милион долари.

„Немаше да го изградам сето ова без сите вработени, па со праведно беше да споделам дел од овие пари со нив“, изјавил Фрис. Иако ја продава компанијата, тој има намера да продолжи да работи во „CR Laurence“ по осум часа на ден.

Слично

Поврзани вести