Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСПЕХ ИЛИ ПОРАЗ: НАТО и САД ставаат крај на мисијата во Авганистан

УСПЕХ ИЛИ ПОРАЗ: НАТО и САД  ставаат крај на мисијата во Авганистан

НАТО и САД со свечена церемонија во нивната воена команда во Кабул денеска и официјално ќе стават крај на 13-годишната воја против талибанците во Авганистан.

Со церемонија во главниот авганистански град ќе биде завршена борбената мисија на меѓународните воени сили, предводени од САД, а почнувајќи од 1 јануари е предвидено во Авганистан да останат  13.500 странски војници кои ќе пружаат помош во обука и совети на силите за безбедност на таа земја.

Во текот на 13 години борби во Авганистан загинале 2.224 американски војници, а вкупно животот го изгубиле 3.500странски војници. Најголем број на меѓународните војници во Авганистан бил присутен во 2010 година , кога ги имало   140.000.

НАТО и САД така ќе им препуштат на авганистанските безбедносни силе да ја продолжат битката протв талибанците, кои го искористиле заминувањето на странските трупи да ги интензивираат нападите.

ОН наведуваат дека оваа година во Авганистан загинале речиси 10.000 луѓе , воглавно од рацете на талибанците.

Слично

Поврзани вести