Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСЛОВ ЗА АЗИЛ: Данска ќе им ги одзема парите и вредните предмети на мигрантите

УСЛОВ ЗА АЗИЛ: Данска ќе им ги одзема парите и вредните предмети на мигрантите

Пратениците на данскиот парламент го изгласаа контраверзниот закон, според кој од азилантите ќе се одземаат драгоцености во замена за нивно издржување.

Законот дозволува конфискација на вредните предмети кои бегалците ги носат со себе, ги намалува социјалните права на бегалците и го зголемува рокот за добивање на постојана дозвола за престој.

Законот треба да почне да се применува во февруари. Полицијата ќе може да ги претресува бегалците и да им ги земе парите во кеш доколку имаат повеќе од 1,340 евра и предметите кои по вредност ја надминуваат оваа сума.

Ваквиот закон наиде на критики и во земјата и во странство.

Критичарите го споредуваат планот на данските власти со конфискацијата на имотот на Евреите во Втората светска војна.

Мерките кои вклучуваат одложување на спојувањата на семејствата на бегалците и мигрантите и до три години, покажуваат дека опаѓа ентузијазмот во нордиските земји за прифаќање мигранти.

Слично

Поврзани вести