Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште во 2019 година коронавирусот бил присутен во САД

Уште во 2019 година коронавирусот бил присутен во САД

Коронавирусот во САД бил присутен уште во 2019 година, покажа нoво истражување. 

Заклучено е дека некои Американци биле заразени со коронавирус веќе во средината на декември 2019 година.  Анализата не е конечна, а некои експерти се скептични. Студијата е објавена вчера во списанието Клинички инфективни болести. 

Натали Торнбург од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) даде детали.

„Веројатно тука имаше многу ретки и спорадични случаи порано отколку што знаевме. Но, тоа не беше раширено. Зголемувањето на бројот на заразени лица се случи дури на крајот на февруари “, рече таа.

Во студија предводена од ЦДЦ, објавена во декември 2020 година, се анализирани 7.000 примероци на донации на крв од Црвениот крст на САД.

Официјално, вирусот прво се појави во Вухан, во Кина, но имаше и одредени информации дека претходно бил присутен во Италија.  Потеклото на вирусот е мистерија. 

Некои медиуми објавија снимки од Институтот за вирусологија во кинескиот град Вухан, на кои се гледаат лилјаци и научник кој ги храни со црви. 

Имаше теории дека тој прво се појавил кај лилјаците и се префрлил на луѓето. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести