Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ТРАЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ИЗБОРНА ДРАМА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: САД го признаа Гонзалес за победник

УШТЕ ТРАЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ИЗБОРНА ДРАМА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: САД го признаа Гонзалес за победник

Соединетите Американски Држави го признаа Едмунд Гонзалес за победник на претседателските избори во Венецуела, пренесува Ројтерс.

„Со оглед на огромните докази, на САД, но уште поважно, на народот на Венецуела им е јасно дека Едмудно Гонзалес Урутија освои најмногу гласови на претседателските избори на 28 јули“, изјави во синоќа американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Долгогодишниот лидер на Венецуела, пак, Николас Мадуро, прогласи победа на претседателските избори, што предизвика протести во земјата. Изборната комисија објави дека Мадуро, кој е на власт од 2013 година, победи на претседателските избори во јули со поддршка од 51 отсто од гласачите. Опозицијата, сепак, нагласи дека нивното пребројување на 90 отсто од избирачките места покажало дека Гонзалес добил повеќе од двојно поголема поддршка во споредба со Мадуро.

Тие ги објавија резултатите од пребројувањето, додека надлежните не споделија други информации освен бројот на гласови што ги добил секој кандидат.

фото: EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Слично

Поврзани вести