Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште има надеж за преживеани: Двајца браќа извлечени од урнатините во Кахраманмарас по речиси 198 часа ВИДЕО

Уште има надеж за преживеани: Двајца браќа извлечени од урнатините во Кахраманмарас по речиси 198 часа ВИДЕО

Мухамед Енес (17) и неговиот брат Абдулбаки (20) беа извлечени од урнатините во Турција 198 часа по разорниот земјотрес. Спасувачките екипи утринава ги извлекле браќата од урнатините во Кахраманмарас, но засега не е позната нивната здравствена состојба.

Турската медиумска куќа „Си-Ен-Ен турк“ објави видео на кое се гледа како спасувачите носат две лица на носилки.


Во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија во понеделникот, на 6 февруари, загинаа повеќе од 37.000 луѓе.

Оттогаш продолжија спасувачките операции и расчистувањето, а спасувачките тимови од повеќе од 70 земји се во Турција, кои работат дење и ноќе за да најдат преживеани.


Слично

Поврзани вести