Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНО ПРИЗНАНИЕ : И „Audi“ користел софтвер за измама на емисиите

УШТЕ ЕДНО ПРИЗНАНИЕ : И „Audi“ користел софтвер за измама на емисиите

Од компанијата на „Audi“ признаа дека имаат софтвер кој мами во емисиите за штетните гасови.

Како „Volkswagen“ така и „Audi“ признаа дека имаат 2,1 милиони автомобили со софтвер кој лаже за количината на потрошени штетни гасови во Америка и Европа.

Моделите кои имаат таков софтвер на моторите се A1, A3, A4, A5, A6, TT, Q3 и Q5.

Откако изби скандалот со чиповите за редукција на емисиите во автомобилите на „Volkswagen“ во Италија беше забранета продажбата на сите автомобили од „Volkswagen“ групата, вклучувајќи ги и „Audi“, „Skoda“ и „Seat“. Други држави исто се мислат за слична забрана, а меѓу нив се Швајцарија, Данска и Франција.

Слично

Поврзани вести