Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Млад лекар почина од коронавирус

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Млад лекар почина од коронавирус

29 годишниот лекар Пенг Јинхуа од градот Вухан вчера почина од последиците на коронавирусот. 

Лекарот се заразил грижејќи се за пациентите. Пенг планирал свадба пред неколку недели, но ја одложил за да пружи помош на заболените.

На 25 јануари итно е задржан во болница, а пет дена подоцна, дошло до влошување на неговата здравствена состојба.

Тој е најмладата жртва на вирусот кој досега однесе повеќе од 2.200 животи и зарази најмалку 76.000 луѓе.

Уште не е дојден пресвртот во епидемијата со коронавирусот во Кина и ситуацијата во провинцијата Јубеи и натаму останува тешка и сложена, соопшти денеска Политбирото на кинеската Комунистичка партија, со кое претседаваше кинескиот претседател Си Џинпинг, објави кинеската државна телевизија.

Претходно, и главниот лекар од болницата во Вухан почина од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести