Уште една земја тестира вакцина против коронавирусот
Уште една земја во светот тестира вакцина против коронавирусот. Станува збор за Иран. Земјата го објави својот успех во човечките испитувања на домашна вакцина против коронавирусот наречена „фахра“. Таа е именувана во чест на починатиот нуклеарен научник Мохсен Фахризаде, пренесува ИРНА.
Првите клинички испитувања на вакцината почнаа во март. Иран досега разви неколку домашни вакцини. Третата фаза на испитувања на вакцината „КОВИран Баракат“ почна кон крајот на април. Директорот на научниот комитет при Иранскиот кризен центар против коронавирус, Мостафа Ганеи, објасни дека вакцината би можела да биде одобрена за употреба месецов. Другите домашни вакцини најверојатно ќе следат по два до три месеци. Синот на Фахризаде учествувал во испитувањата како волонтер. Во земјата од вирусот починаа повеќе од 73.500 луѓе.
Казахстан исто така е земја која користи своја вакцина за имунизација. Израел пак тестира лек против коронавирусот.
