Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една земја размислува за влез во ЕУ?

Уште една земја размислува за влез во ЕУ?

Министерот за надворешни работи на Норвешка, Еспен Барт Ајде, денеска изјави дека земјата повторно го преиспитува својот однос со Европската Унија(ЕУ) поради променетите глобални околности и растечкото влијание на политиките на САД и Кина, додека сè повеќе расте притисокот, по двата неуспешни референдуми, да се покрене нова дебата за можното членство во блокот.

Ајде наведе дека околностите значително се променија од 1994 година и дека ЕУ сега користи инструменти кои претходно не беа активни.

„Овој луд свет надвор, со она што се случува со Кина и САД, ја принудува ЕУ да користи алатки од кутијата кои претходно не беа активни“, изјави тој за Фајненшел тајмс, додавајќи дека станува збор за трговската политика и царинската унија во која „не сакаат“ да бидат.

Ајде наведе дека „бенигниот свет“, во кој беа одржани претходните референдуми во 1972 и 1994 година, е заменет со значително понестабилно глобално опкружување, поради што Норвешка мора пореално да го согледа својот однос со ЕУ.

„Рековме не во 1972 година поради рибата и повторно во 1994 година, главно поради рибата и земјоделството“, рече норвешкиот министер.

Морската храна е најголемиот извозен сектор на земјата по нафтата и гасот.

Шефот на норвешката дипломатија рече и дека норвешкото богатство од нафта и гас придонесува за чувството на економска независност, но додаде дека, доколку референдумот би бил утре, тој би гласал за ЕУ, со напомена дека тоа не значи дека е дојден моментот за негово распишување.

Иако дел од норвешкиот политички врв го поддржува членството, сепак анкетите покажуваат дека мнозинството граѓани и понатаму го отфрлаат влезот во ЕУ, поради што владејачката Лабуристичка партија не планира нов референдум во скоро време.

И Ерменија претходно пројави интерес за влез во ЕУ. 

foto Wikipedia/Bahnfrend 

Слично

Поврзани вести