Уште една земја од Европа со санкции за Венецуела
Швајцарија денеска се приклучи на санкциите што повеќе европски држави ги воведоа против Венецуела.
Венецуела во иднина нема да може да купува оружје или средства кои може да се искористат за политички репресии од Швајцарија.
Санкциите се однесуваат на продажба на телекомуникациска опрема. Дополнително, ќе биде замрзнат имотот кој седум министри и функционери од Венецуела го чуваат во Швајцарија.
Венецуела е под ембарго поради притисокот врз опозицијата во рамките на повеќегодишната тешка економска криза предизвикана од колапсот на цената на нафтата и социјалистичките политички на Хуго Чавез и Николас Мадуро.
Слично
