Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една земја на ЕУ привремено ја стопира вакцинацијата со АстраЗенека

Уште една земја на ЕУ привремено ја стопира вакцинацијата со АстраЗенека

Имунизацијата во Ирска против ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“ ќе запре привремено додека не се испитаат случаите на згрутчување на крвта, изјави денеска ирскиот заменик-началник за јавно здравје Ронан Глин.

– Оваа препорака е дадена по извештајот на Норвешката медицинска агенција за четири нови случаи на згрутчување на крвта кај возрасни по вакцинирањето со вакцината на „АстраЗенека“, рече претставникот на ирското здравство.

Тој додаде дека „сè уште не е заклучено дека постои поврзаност меѓу вакцината на „АстраЗенека“ и овие случаи”.

– Како мерка на претпазливост и во очекување на нови информации, Националниот советодавен одбор за имунизација (НИАЦ) препорача привремен прекин на вакцинацијата со „АстраЗенека“ во Ирска, додаде Глин.

Неколку европски земји веќе донесоа одлука привремено да ја стопираат имунизацијата со оваа вакцина.

Слично

Поврзани вести