Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една земја ќе помогне за обука на украинските регрути

Уште една земја ќе помогне за обука на украинските регрути

Канада ќе се приклучи на мисијата предводена од Британија за обука на украински регрути. 

Првите експерти ќе ја напуштат Канада на 12 август. Повеќето војници доаѓаат од канадската пешадија од третиот баталјон, со седиште во Едмонтон, Алберта. Се очекува до 10 000 украински војници да пристигнат во Велика Британија за основна и специјалистичка војска на курсеви што траат пет недели. Првиот контигент украински регрути пристигна, а наставата започна на почетокот на јули.

„Земјата ќе ангажира 225 војници во амбициозната програма на британската армија да обучи украински регрути“, изјави денеска министерката за одбрана Анита Ананд. 

И Германија освен со оружје, ќе помогне со обука. 

foto Twitter/Oleksii Reznikov

Слично

Поврзани вести