Уште една земја ја спушта рампата за автомобили регистрирани во Русија
Норвешка ја затвора границата за автомобили регистрирани во Русија.
Норвешките власти денеска информираа дека со ретки исклучоци во полноќ на 2 октомври ќе ја затворат границата за возила регистрирани во Русија, што претставува дополнително заострување на мерките против оваа држава поради инвазијата на Украина.
Забраната е само на возила со помалку од девет седишта и предвидува некои исклучоци како што се хуманитарни итни случаи. Исклучок се и автомобили на дипломати и возила на граѓани во Европската Унија(ЕУ) кои престојуваат во Русија.
„Норвешка ги поддржува своите партнери во одговорот на бруталната агресорска војна која Русија ја води во Украина“, изјави шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хајтфелд.
Естонија, Летонија, Литванија и Полска, веќе ја затворија својата граница за возила регистрирани во Русија, во согласност со препораките на Европската комисија.foto freepik.com
