Уште една земја го прекина сообраќајот со Кина
Уште една земја го прекина сообраќајот со Кина, поради опасниот коронавирус.
Русија го прекина железничкиот сообраќај со Кина, освен возот на релација Москва – Пекинг, за да го спречи ширењето на новиот коронавирус, кажа руската вицепремиерка Татјана Голикова.
„Од полноќ го прекинуваме железничкиот сообраќај со Кина. Единствено ќе сообраќаат возовите на релација Москва – Пекинг и Пекинг – Москва“, рече Голикова на прес-конференција.
Таа додаде дека Русија до петок ќе донесе одлука за воздушниот сообраќај со Кина.
Сообраќајот на брзиот воз Хонг Конг – Кина ќе биде прекинат со цел да се сопре ширењето на вирусот.
„Бритиш ервејз“ ги прекина сите директни летови до и од континентална Кина, откако здравствените власти на Велика Британија предупредија за опасноста од епидемијата на коронавирус.
