Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНА ЗАКАНА ДО ИЗРАЕЛ: Ирански генерaл тврди дека милиони се спремни да им помогнат на Палестинците

УШТЕ ЕДНА ЗАКАНА ДО ИЗРАЕЛ: Ирански генерaл тврди дека милиони се спремни да им помогнат на Палестинците

Претседателот на иранскиот Здружен Генералштаб, генерал Мохамед Багери даде заканувачка изјава. 

Според него, милиони луѓе низ целиот свет се подготвени да им помогнат на Палестинците против израелскиот режим доколку соседните држави им дозволат да влезат на окупираните територии. Генералот Багери изјави дека операцијата од 7 октомври, што е акција без преседан на палестинското движење на отпорот Хамас, која ги фати  израелските сили на препад, е сведоштво дека „сите концепти направени од ционистите и нивните господари се апсурдни и бесмислени, бидејќи нивната лажна големина пропадна со совршена и прецизна операција“. Тој го осуди израелскиот режим за бомбардирањето на цивили, вклучувајќи жени, деца и стари лица, и болници „со авиони што им ги дале криминалците“.

Тој денеска ја повтори изјавата на лидерот на Иранската исламска револуција, ајатолахот Али Хамнеи, дека единствениот начин за решавање на палестинското прашање е одржување референдум.

Иранскиот министер за одбрана, бригадниот генерал Мохамед Реза Аштиани, на маргините на денешната седница на владата изјави дека операцијата на Хамас, наречена „Поплава во Ал-Акса“, ги фатила израелските сили неподготвени.

Генралот Аштаини предупреди дека доколку војната, која досега однесе скоро 10.000 палестински животи, не биде веднаш прекината, ќе има сериозни последици

Командантот на 162 дивизија на ИДФ, Ицик Коен кажа дека нивните војници се „пред портите на градот Газа“. Коен вели дека „Хамас ја избра оваа војна, а не тие“.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху денеска вети дека ќе ја продолжи израелската војна против Хамас и покрај претрпените „болни загуби“ во копнените борби во Појасот Газа.

Слично

Поврзани вести