УШТЕ ЕДНА ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Израел и Газа разменуваат бомби наместо зборови!
Израел значително ја прошири својата офанзива во Појасот Газа, најавувајќи и копнени напади. Две ракети испукани од Газа биле пресретнати и соборени над Тел Авив, соопшти израелската војска. Во претпладневните напади на израелските безбедносни сили денеска врз Газа загинаа најмалку осум лица. Со ова, бројот на жртвите надмина 30, од кои поголемиот број се цивили, а има и деца.
Но и палестински Хамас не мирува. Израелските граѓани во изминатите неколку дена се цел на ракетни напади од Газа. Само во последните два дена се упатени повеќе од 300 ракети на градови ширум Израел, вклучувајќи го и Ерусалим, Тел Авив, Бершево и други.
Ова е најголем израелско-палестински судир од ноември 2012 година, а загриженоста дополнително ја подгреваат информациите дека Израел планира масовна копнена офанзива. Израелскиот министер за одбрана Моше Јаалон најави дека израелската воена кампања против Хамас во Појасот Газа ќе се прошири во следните денови и се закани дека со неа „ќе биде наплатена огромна цена“.
Американскиот претседател Барак Обама, во текст објавен во германскиот весник „Цајт“, апелира до двете страни во судирот што се разгорува да покажат воздржаност и да не делуваат со желба за одмазда.
Слично
