„УШТЕ ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ПРИКАЗНА“: Британија ги отфрла обвинувањата на Москва дека стои зад нападот на Северен тек
Велика Британија денеска ги негираше тврдењата на Русија
дека членови на британската морнарица учествувале во планирањето и извршувањето
на терористичките напади на гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море на 26
септември.
- Руското Министерство за одбрана изнесе лажни тврдења од епски размери. Оваа најнова измислена приказна повеќе зборува за аргументи кои доаѓаат од внатрешноста на руските власти, отколку за Западот - соопшти британското Министерство за одбрана. Руското Министерство за одбрана претходно објави дека претставници на британската морнарица учествувале во планирањето и извршувањето на терористичкиот напад на гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море на 26 септември.
Во соопштението се додава дека истата единица им помагала на вооружените сили на Украина во нападот на Севастопол со помош на беспилотни летала.
ФОТО: ЕПА