Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА РАЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Полицијата ги претресуваше становите на десните екстремисти

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА РАЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Полицијата ги претресуваше становите на десните екстремисти

Утринава во голема операција во осум германски сојузни покраини, полицијата изврши претрес на повеќе згради кои се поврзани со т.н. Граѓаните на Рајхот (Рајхсбиргери). Според информациите на ДПА, во фокусот на полицијата бил еден од водачите на оваа десничарска екстремистичка група

Околу 280 германски полицајци и специјални сили утринава спроведоа рации низ Германија како дел од истрагата за т.н. Граѓаните на Рајхот. Според ДПА, 20 осомничени се товарат за основање криминална организација. Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман (ЦСУ) изјави дека постои можност Граѓаните на Рајхот да не се само бизарни изроди, туку да бидат и опасни криминалци. Осомничените се на возраст од 25 до 74 години.

Рајхсбиргер или Граѓаните на Рајхот се луѓе кои не ја признаваат Сојузна Република Германија и нејзината демократска структура и сакаат да ја воспостават Германија во историските граници. Тие одбиваат да плаќаат даноци и често се во конфликт со властите. Се проценува дека во 2022 година имале околу 23.000 поддржувачи, што е за 2.000 повеќе од претходната година. Меѓу нив има и повеќе од 1.000 десничарски екстремисти.

Наводниот водач кој утрово беше во фокусот на полициската рација доаѓа од Баварија, а полицајците го посетиле овој 58-годишник пред оваа операција. За време на рација во октомври, полицијата уапси петмина членови на оваа контроверзна група.

Оваа десничарска екстремистичка група постојано се заканувала и навредувала кон државните институции, најмногу на социјалните мрежи. Терминот Граѓани на Рајхот првпат се појавил во осумдесеттите години на минатиот век, но нивната радикализација е забележана само во последните неколку години.Тие се под истрага од 2021 година, кога на Телеграм започнале да се шират тезите и теориите на заговор карактеристични за Граѓаните на Рајхот. 

Извор: Тпортал

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести