Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една европска земја забранува бурки

Уште една европска земја забранува бурки

Данска денеска воведе забрана за носење никаб и бурка.

Законот ќе стапи во сила на 1 август, а предвидена е казна во износ од 1.000 дански круни (околу 134 евра) за негово кршење.

Владата во земјата информираше дека забраната не се однесува на ниедна религија, додавајќи дека не се забранети марами за покривање на главата, турбаните, ниту традиционалната еврејска кипа.

Законот во јавноста е познат како „бурка закон“ и главно се смета дека е насочен против начинот на облекување на конзервативните муслиманки, пишува Асошиејтед прес.

За донесување на законот гласаа 75 дански пратеници, 30 беа против, а 74 беа отсутни.

Вакви закони се на сила и Австрија, Франција и Белгија.

Слично

Поврзани вести