Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една европска земја забрани пушење во рестораните и баровите

Уште една европска земја забрани пушење во рестораните и баровите

Чешкиот претседател Милош Земан стави крај на статусот на Чешка како една од последните засолништа на пушачите во Европа.

Земан, кој пали цигара за цигара, потпиша денеска закон за забрана за пушење во баровите, рестораните и кафулињата, откако мерката беше одобрена од двата дома на парламентот.

Забраната ќе стапи во сила на 31 мај, Светскиот ден без тутунски чад. Така кината, концертните изложби и спортски сали, веќе нема да имаат посебни простори за пушачи.

За разлика од поголемиот дел од Европа Чесите останаа толерантни кон пушењето. Во моментов сопствениците на ресторани сами одлучуваат дали да се пуши внатре или не, забележуваат агенциите.

Слично

Поврзани вести