Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една европска земја регистрира прв случај на заболен со мајмунски сипаници

Уште една европска земја регистрира прв случај на заболен со мајмунски сипаници

Министерството за здравство на Малта денеска соопшти дека во таа земја е забележан првиот случај на мајмунски сипаници.

Станува збор за маж на возраст од 38 години, кој неодамна престојувал во една од земјите погодени од епидемијата на мајмунски сипаници.

Тој е во домашна изолација со благи симптоми. Малтешките здравствени власти ги повикуваат граѓаните да одржуваат добра хигиена.

Оваа недела, министерот за здравство на Малта, Крис Ферн, рече дека тие сипаници не се „уште еден ковид“ и истакна дека властите се добро подготвени да се справат во случај на избувнување епидемија.


Слично

Поврзани вести